Достапни линкови

logo-print

Велика Британија повика да не се патува во Бенгази


Архивска фотографија: Бенгази.

Архивска фотографија: Бенгази.

Велика Британија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во градот Бенгази на истокот на Либија или да ја напуштат областа ако се веќе таму. Во денешното соопштение, британскиот Форин офис наведува дека има причини да верува дека има „конкретна и непосредна закана за жителите на западните земји“ во областа на Бенгази. Британија ги советува своите државјани да не патуваат во Бенгази уште од септември минатата година кога беше нападнат американскиот конзулат и беа убиени четворица Американци, меѓу кои и амбасадорот Крис Стивенс. Во денешното соопштение се повикуваат „сите британски државјани кои останале таму и покрај повиците, веднаш да ја напуштат областа“.
XS
SM
MD
LG