Достапни линкови

Словенија го поддржува проширувањето на ЕУ и по влезот на Хрватска


Словенија ќе го поддржи процесот на проширување на ЕУ и по влезот на Хрватска во нејзино членство, соопшти словенечката Влада.
-ЕУ по најголемата криза во својата историја во моментот првенствено се фокусира на економските прашања, на своето уредување и идно дејствување, но Словенија и натаму „јасно и активно“ ќе биде заговорник на политиката на проширувањето и откако ЕУ ќе ја прими Хрватска за своја 28-ма членка, се наведува во соопштението на словенечката Влада.
Владата го објави соопштението одговарајќи на тој начин на пратеничко прашање за тоа што мисли Кабинетот за изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел за „подолга пауза во проширувањето на ЕУ“, откако во европското семејство ќе се зачлени Хрватска.
XS
SM
MD
LG