Достапни линкови

Железничка несреќа во Египет, 19 загинати


Најмалку 19 лица загинаа а повеќе од 100 се повредени кога два вагона излетаа од шините јужно од главниот град на Египет, Каиро. Како што јави агенцијата МЕНА, несреќата се случила синоќа, а возот превезувал армиски регрути.
Засега нема информации за причината за несреќата, која се случува во истиот месец кога претседателот Мухамед Морси наименува нов министер за транспорт, кој е член на неговата партија Муслиманско братство. Оваа функција беше испразнета по железничката несреќа во ноември, кога загинаа 49 деца.
XS
SM
MD
LG