Достапни линкови

САД: смирување на тензиите меѓу Индија и Пакистан


Портпаролката на Стејт Департментот Викторија Нуланд

Портпаролката на Стејт Департментот Викторија Нуланд

САД ги повика Индија и Пакистан да поработат на намалување на тензиите кои настанаа откако Индија го обвини Пакистан за убиство на двајца војници во Кашмир. Портпаролката на Стејт Департментот Викторија Нуланд изјави дека Вашингтон разбира дека двете страни се загрижени за прашањето и дека оддржуваат високи разговори за тоа но ги советува да ги намалат тензиите. Пакистан негира дека пакистански воени трупи се инволвирани во каков било напад во Кашмир и побара од ОН да спроведе истрага. Индиската војска тврди дека војниците биле убиени кога пакистански војници ја преминале контролната линија со која е поделена хималајската територија меѓу Индија и Пакистан.
XS
SM
MD
LG