Достапни линкови

50 дени заминуваат во историјата


Кованите пари од 50 дени се повлекуваат од промет, објавува МИА. Најниската домашна валута од утре ќе биде еден денар.

Замената на кованите пари од 50 дени банките ќе ја вршат до 31 март наредната година. По овој период таа ќе се врши во Народната банка.

Од утре во оптек ќе бидат монети од 1, 2, 5, 10 и 50 денари и банкноти од 10, 50, 100, 500, 1000 и 5000 денари.
XS
SM
MD
LG