Достапни линкови

Обама сака да забрани продажба на формациско оружје


Американскиот претседател Барак Обама си ги брише солзите на Комеморацијата за жртвите убиени во основно училиште во Конектикат.

Американскиот претседател Барак Обама си ги брише солзите на Комеморацијата за жртвите убиени во основно училиште во Конектикат.

Американскиот претседател Барак Обама вети дека во 2013 година ќе се заложи за нова законска регулатива за контрола на оруженото насилство во САД. Во емисијата „Мит д прес“, Обама рече дека се обидува да добие широка поддршка од јавноста, но и политичка поддршка за закон кој ќе предвиди построга проверка за потенцијалните сопственици на пиштол и забрана за продажба на формациско оружје. Изјавата на Обама доаѓа две недели откако психички растроено момче уби 27 луѓе, од кои 20 деца во основно училиште во Конектикат на северот на САД. Моќното американско лоби за поседување оружје, вклучувајќи ја и Националната асоцијација за оружје, тврди дека ваквите инциденти може да бидат спречени од вооружени чувари во училиштата. Обама, пак, рече дека е „скептичен дека единствениот одговор е внесувањето повеќе оружје во училиштата“.
XS
SM
MD
LG