Достапни линкови

Ирачките сунити го блокираа автопатот кон Сирија и Јордан


Ирачки сунити протестираат во провинцијата Анбар во западен Ирак, носејќи слика на сунитскиот министер за финансии Рафиа ал-Исави.

Ирачки сунити протестираат во провинцијата Анбар во западен Ирак, носејќи слика на сунитскиот министер за финансии Рафиа ал-Исави.

Илјадници луѓе кои протестираат против премиерот Нури ал-Малики во западен Ирак го блокираа автопатот кон соседните Сирија и Јордан. Демонстрантите во регионот претежно населен со сунити се гневни поради апсењето на десетмина телохранители на сунитскиот министер за финансии Рафиа ал-Исави под обвиненија за тероризам. На протестот учествувале и локални функционери, како и верски и племенски водачи. Тие бараат „промена на курсот на секташката влада“ и повлекување на ал-Малики. Во последно време се зголемуваат тензиите меѓу шиитското мнозинство и големото сунитско малцинство во Ирак. Сунитите го обвинуваат премиерот дека се обидува да ги маргинализира. Сунитскиот вице-премиер Тарик ал-Хашеме годинава во отсуство беше осуден на смрт во поради организирање „одреди на смртта“. Тој сега е во Турција.
XS
SM
MD
LG