Достапни линкови

logo-print

Грузија - поранешни функционери уапсени за корупција


Сегашниот премиер на Грузија Биџина Иванишвили.

Сегашниот премиер на Грузија Биџина Иванишвили.

Двајца поранешни министри и уште четири други луѓе се уапсени во Грузија, како дел од истрагата за корупција. Уапсени се поранешниот министер за финансии и за енергија, како и поранешниот министер за образование и правда, кој сега е претседател на независна телевизија Рустави-2. Сегашните власти велат дека поранешните функционери се притворени заради незаконски трансфер на еден милион долари, како и за други прекршоци.

Последните апсења се дел од серијата апсења на поранешни функционери, откако на изборите во октомври коалицијата предводена од сегашниот премиер Биџина Иванишвили ја собори партијата на претседателот Михаил Саакашвили. Саакашвили ги осуди апсењата, велејќи дека обвиненијата се „апсолутно лажни“ и предупредуваат на „беззаконие“.
XS
SM
MD
LG