Достапни линкови

Милитанти од Централна Азија и од Северен Кавказ оперираат во Пакистан


Илустрација.

Илустрација.

Меѓу 10 убиени во акцијата по бомашкиот напад врз аеродромот во Пешавар во саботата имало милитанти од Централна Азија и од Северен Кавказ, соопшти Миан Ифтихар Хусеин, регионален министер за информации на провинцијата Кибер Пахтунква во Пакистан. Од петтемина убиени милитанти што директно учествувале во нападот врз аеродромот, тројца биле Чеченци, а двајца Пакистанци. Во полициска акција наредниот ден, повторно биле убиени петмина милитанти – Пакистанец, Чеченец, Дагестанец, Узбекистанец и Киргистанец. Централноазиските милитанти, најголем дел членови на Исламистичкото движење на Узбекистан и на Исламистичката унија за џихад, оперираат во племенските области на Пакистан од 2001 година.
XS
SM
MD
LG