Достапни линкови

Азаров е повторно премиер на Украина


Украинскиот парламент го одобри мандатот на премиерот Микола Азаров. Одлуката беше донесена со 252 гласа од 450 те пратеници во Собранието. Опозициската партија на поранешната и затворена премиерка Јулија Тимошенко и партијата на Виталиј Кличко не учествуваа на гласањето. За 64 годишниот Азаров ова е втор премиерски мандат. Претходно седницата беше прекината откако избувна тепачка меѓу пратениците од власта и опозицијата. До тепачката дојде откако опозицициските претеници го блокираа гласањето за нов спикер во Парламентот.
XS
SM
MD
LG