Достапни линкови

Коштуница: Должност на Србија е да спречи воспоставување граници со Косово


Најголема должност на Србија е да спречи воспоставување граници со Косово, изјави лидерот на ДСС и поранешен српски премиер Војислав Коштуница, додавајќи дека преговорите со Приштина треба да се вратат под мандат на Советот за безбедност на ОН, согласно резолуцијата 1244. „Силно се залагам Србија да испрати барање до Советот за безбедност на Обединетите Нации за прекин на преговорите под надзор на Брисел, а дијалогот да се врати под целосен мандат на Советот за безбедност, бидејќи така е одредено и со Резолуцијата 1244“ речеКоштуница.
Што се однесува до одлуката на Хашкиот трибунал да го ослободи Рамуш Харадинај, Коштуница одговори дека „на дело е сеопфатен и осмислен напад на западните сили врз Србија“.
XS
SM
MD
LG