Достапни линкови

Армијата ќе остане со куси ракави


Во буџетот за следната година се предвидени помалку пари за АРМ, ќе се крати на обука, реформи, учество во мировни мисии.

Судејќи според бројките во предлог–буџетот за 2013 година, владата планира да издвои околу три четвртини помалку пари за модернизација на армијата. Се намалуваат и расходите за учество во мировните мисии, за обука, како и за воената академија.
Ние направивме се, како Министерство за одбрана, како Генералштаб, во поставување на буџетот на одбрана согласно потребите што се зацртани, но за жал проекциите за економски развој за 2013-та година не ни оставија доволен простор сите зацртани потреби за се постават во буџетот.


Министерот за одбрана Фатмир Бесими изјави дека министерството направило сè за успешно финансирање на потребите

„Ние направивме сè, како Министерство за одбрана, како Генералштаб, во поставување на буџетот на одбрана согласно потребите што се зацртани, но за жал проекциите за економски развој за 2013-та година не ни оставија доволен простор сите зацртани потреби за се постават во буџетот.“
Министерот за одбрана Фатмир Бесими во посета на учесниците на шестдневната Заедничка планинска обука на Полкот за специјални операции на АРМ и Националната гарда на Вермонт од САД.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими во посета на учесниците на шестдневната Заедничка планинска обука на Полкот за специјални операции на АРМ и Националната гарда на Вермонт од САД.


Македонија е активна во спроведување на реформите потребни за интеграција во НАТО, рече министерот кога даваше отчет на спроведените активности.

Се поставува прашањето колку Македонија ќе може да дава придонес во меѓународни мисии со помалку пари за таа цел? Се крати и од ставката „Интеграција во НАТО“, во споредба со првопредвидениот износ во овогодинешниот буџет. Вреди и да се спомене дека со овогодинешниот ребаланс, финансирањето на таа стапка беше преполовено.
Си имаме и други проблеми, политички се проблемите, но мислам дека политичките проблеми кои настанаа со Грција во 2008-та со нашето уставно име имаа одраз и трендовите во Армијата. Армијата за жал во последните пет години не го исполни, тоа што беше нејзина задача со стратегискиот одбрамбен преглед, а тоа е да ја модернизира Армијата.

Кога станува збор за интеграција во Алијансата, не е проблем ставката во буџетот и колку ќе се препознае дека министерството има таков расход, вели екс-министерот за одбрана Владо Бучковски.

„Си имаме и други проблеми, политички се проблемите, но мислам дека политичките проблеми кои настанаа со Грција во 2008-та со нашето уставно име имаа одраз и трендовите во Армијата. Армијата за жал во последните пет години не го исполни тоа што беше нејзина задача со стратегискиот одбрамбен преглед, а тоа е да ја модернизира Армијата.“

Македонската армија може да се вреднува како најобучена, вели Бучковски.

„Во поглед на човечкиот потенцијал, во поглед на тренингот и на сето она што го демонстрира, може да се вреднува дека е една од најобучените, но во поглед на опремата далеку заостануваме зад членките на НАТО и тоа е главниот проблем кој ескалираше во последните неколку години.“

Со предлог–буџетот за догодина Министерството за одбрана може да добие и помалку пари за стручно оспособување и усовршување, како и речиси двојно помалку за изградба и реконструкција на објекти и инфраструктура.
XS
SM
MD
LG