Достапни линкови

Македонските војници остануваат во мисиите на НАТО


Командантот на Здружената оперативна команда на НАТО во Неапол, адмирал Џејмс Ставридис и министерот за одбрана Фатмир Бесими.

Командантот на Здружената оперативна команда на НАТО во Неапол, адмирал Џејмс Ставридис и министерот за одбрана Фатмир Бесими.

Се додека има мисии на НАТО, македонските војници ќе учествуваат во нив, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими.

Македонските војници и понатаму ќе учествуваат во мисиите на НАТО, рече министерот за одбрана Фатмир Бесими по денешната средба со командантот на Здружената оперативна команда на НАТО во Неапол, адмирал Џејмс Ставридис, кој е во официјална посета на Македонија.
Се додека НАТО биде присутен во овие меѓународни мисии, таму останува и Република Македонија како еден кредибилен партнер на НАТО.

„Се додека НАТО биде присутен во овие меѓународни мисии, таму останува и Република Македонија како еден кредибилен партнер на НАТО“, изјави Бесими.
Командантот на Здружената оперативна команда на НАТО во Неапол, адмирал Џејмс Ставридис и министерот за одбрана Фатмир Бесими.

Командантот на Здружената оперативна команда на НАТО во Неапол, адмирал Џејмс Ставридис и министерот за одбрана Фатмир Бесими.


Тој рече дека со гостинот Ставридис заклучиле дека патот кон НАТО е значаен за стабилноста на Македонија и на регионот, а успехот во евроатлантските интеграции на земјите од регионот е успех и за Алијансата.

Фокусот во разговорите бил ставен на реформите во одбраната и новата формациска структура на АРМ, исполнување на партнерските цели заеднички поставени со земјите-членки на НАТО на среднорочен и долгорочен план, како и за предвидениот буџет за развој на одбраната, вклучувајќи ја и модернизацијата на АРМ.

Ставридис одаде признане за учеството на македонски војници во мисиите на НАТО.

„Сметам дека треба да продолжиме да работиме заедно во соочување со предизвиците коишто ги носи овој 21 век. Имавме можност да разговараме за многу прашања, меѓу кои е и продолжување на градењето на едно стратешкото партнерство. Сакам да ве пофалам за вашиот успех и вашиот напредок на патот кон вашето членство во НАТО“, рече Ставридис.

Адмирал Џејмс Ставридис се среќава и со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Здружената команда за операции е одговорна за операциите што ги предводи НАТО, а нејзината мисија е да подготвува, планира и да извршува операции со цел да се достигнат политичките цели на Алијансата. Воедно таа е стратешка команда која под себе има потчинети оперативни команди.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG