Достапни линкови

logo-print

Повици до Иран за истрага на смртта на блогер



Франција, Велика Британија и групата за човекови права Амнести интернешенел ги повикаа иранските власти да ја истражат смртта на анти-владиниот блогер кој почина во притвор. Амнести интернешенел соопшти дека постојат индикации оти Сатар Бехешти починал откако бил малтретиран. Според иранските опозициски групи, Бехешти беше уапсен кон крајот на октомври, а неговото тело беше вратено на семејството.
Амнести интернешенел се сомневањата дека тој починал како резултат на тортура во ирански затвор се "многу веродостојни, со оглед на искуството на Иран, кога станува збор за смртни случаи во притвор." Пред неговото апсење, Бехешти напиша блог пост велејќи дека е под закана од страна на иранските безбедносни служби. Францускиот министер за надворешни работи и британскиот Форин офис побараа од Иран да ја истражи смртта.
XS
SM
MD
LG