Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ: Изборите во САД се спроведоа професионално


Изборите во Соединетите американски држави се одвивале во “високо компетитивна и плуралистичка атмосфера и се спровеле на професионален начин” констатираат од меѓународната ОБСЕ по гласањето во вторникот. Од организацијата имаат забелешки за делови на американскиот изборен законик кои САД би требало да ги прегледа. Според шефот на набљудувачката мисија Дан Евертс, станува збор за правата на гласачите, точноста на гласачките списоци и транспарентноста на финансирањето на политичките кампањи.
XS
SM
MD
LG