Достапни линкови

Уапсени грузиски воени офицери


Двајца грузиски воени офицери се уапсени денеска во Тбилиси, откако вчера беше уапсен и поранешниот министер за внатрешни работи поради скандал со мачење на затвореници. Адвокатот на приведените соопшти дека пртив нив се уште не е покренато обвинение. Обвинението за поранешниот министер гласи„ несоодветен третман на одредени поединци“. Министерот кој се смета за близок соработник на претседателот Михаил Саакашвили поднесе оставка во септември, откако неколку видеа беа објавени на интернет страната Јутјуб каде што се гледа како стражари тепаат и сексуално злоупотребуваат затвореници.
XS
SM
MD
LG