Достапни линкови

logo-print

Жителите на Јужна Осетија ќе си ги менуваат презимињата


Парламентот на Јужна Осетија донесе закон со кој граѓаните ќе можат да ги сменат своите презимиња. Со законот се овозможува правен механизам граѓаните да си ги вратат традиционалите презимиња кои завршуваат со „он“ и „ти “ и да ги сменат доколку сакаат сегашните кои според грузиските правила завршуваат на „вили“ или на „дѕе“ или пак според руските завршуваат со „ова“ и „ов“. Законот важи само за тие кои што доброволно ќе сакаат да си ги сменат презимињата.
XS
SM
MD
LG