Достапни линкови

Извештајот за палестинските територии во ОН наиде на несогласувања


Изградба на доселенички населби во Источен Ерусалим.

Изградба на доселенички населби во Источен Ерусалим.

Специјалниот истражувач за човекови права на ОН во палестинските територии Ричард Фалк повика на бојкот на сите компании кои работат во израелските доселенички населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим. Во извештајот до Генералното собрание на ОН, Фалк наведува дека „забрзува темпото со кое Израел ги проширува населбите во окупираните територии и оти ги игнорира резолуциите на ОН со кои се осудува таквата практика“. Израелската мисија во ОН оцени дека извештајот е многу пристрасен и побара Фалк да биде сменет. Американската амбасадорка Сузан Рајс оцени дека Фалк е многу пристрасен и оти неговиот повик на бојкот е „неодговорен и неприфатлив“. Претставниците на неколку земји на Генералното собрание, меѓу кои и Египе и Иран, оценија дека извештајот е фер и балансиран.
XS
SM
MD
LG