Достапни линкови

Судан бара осуда на Израел за нападот во Картум


Судан побара дека Советот за безбедност на Обединетите нации да го осуди Израел за наводниот воздушен напад врз фабрика за оружје во Картум. Засега израелската влада одбива да ги коментира обвинувањата. Министер за одбрана Ехуд Барак изјави дека нема ништо што би можел да каже за таа тема. Експлозии и огромен пожар избувнаа во фабриката за муниција и оружје вчера утрото, а две лица ги загубија животите. Амбасадорот на Судан во ОН пред Советот за безбедност соопшти дека четири израелски авиони влегле во воздушниот простор на Судан и спровеле напад врз фабриката. Тој го повика Советот да го осуди инцидентот, нарекувајќи го "бесрамно непочитување на концептот на мирот и безбедноста". Судан, исто така, се закани дека ќе се одмазди на Израел.
XS
SM
MD
LG