Достапни линкови

Ирак размислува дали да купи воени авиони од Чешка


Премиерите на Чешка и Ирак изјавија дека двете земји преговараат за можна воена соработка. По средбата со ирачкиот премиер Нури ал Малики, чешкиот премиер Питр Нечас изјави дека министерите за одбрана ќе дискутираат за деталите околу можната продажба на чешки воени авиони модел Л-159. Чешкиот министер за одбрана Александр Вондра изјави дека Чешка може да продаде 28 авиони кои се наменети за воени вежби. Вондра додаде дека се уште не се договорени деталите околу продажбата, но Ирак има понуда за купување и од САД па ќе треба да одлучи кои авиони се подобри.Прага и Багдад преговараат за ова веќе две години
XS
SM
MD
LG