Достапни линкови

logo-print

Иранскиот ајатолах ги искара претставниците на власта


Иранскиот врховен верски лидер Ајатолахот Али Каманеи ги повика властите да престанат да се обвинуваат меѓусебно и побара од нив да ја задржат обединетоста со цел да ги надминат проблемите настанати од меѓународните санкции. Во неговото телевизиско обраќање изјави дека претставниците на власта треба да ја прифатат одговорноста што доаѓа со функцијата и да престанат со обвинувањата. Тој призна дека санциите против иранската нуклеарна програма предизвикале проблеми, но изрази уварување дека Исламската република ќе се справи со тие потешкотии. Неговите коменатри следуваат поради политичките препукувања во земјата за проблемот со девалвацијата на иранската валута – риал во изминативе неколку недели.
XS
SM
MD
LG