Достапни линкови

logo-print

Јанкуловска: Ќе продолжи истрагата за смртта на претседателот Трајковски


Доказите и податоците кои стојат во последниот извештај за смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски фрлаат ново светло на настаните, нешто што во рамките на досегашната истрага не беше земено в предвид, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Таа изјави дека цврстината на доказите ќе треба да ја оцени судот во евентуална постапка но нејзин личен став е дека извештајот кој што беше предмет на разгледување на Владата а го подготвил независна комисија е различен во однос на се друго што претходно било разгледано, и заслужува должно внимание и од македонските власти и од босанските.
Јанкуловска изјави дека се надева дека истрагата ќе продолжи и оти ќе се разгледаат внимателно сите докази содржани во последниот извештај и на крајот во една независна постапка ќе се даде последниот суд.
XS
SM
MD
LG