Достапни линкови

Протести на опозицијата во Венецуела


Десетици илјади луѓе протестираа во главниот град на Венецуела, Каракас во поддршка на опозицискиот претседателски кандидат Енрике Каприлес. Обраќајќи им се на насобраните, тој го критикуваше претседателот Уго Чавез за, како што рече, долгиот список на неисполнети ветувања. Тој исто така побара истрага за убиството на тројца опозициски активисти за време на еден митинг во саботата. Чавез на кој лани му беше дијагностициран канцер е на власт од 1999 и вети дека ако победи ќе го продлабочи социјализмот во земјата.
XS
SM
MD
LG