Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун против заканите за воени напади


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, на отворањето на годишното Генералното собрание на ОН рече дека тој е против заканите од било која држава за воена акција против друга земја.

Бан Ки Мун изјави дека „секој таков напад би бил катастрофален“, притоа не прецизираше за кои земји зборува.

Во последниве месеци, зголемувањето на тензиите околу иранската нуклеарна програма, беше проследено со предупредувања од Израел, дека би можеле да преземат воена акција против Иран доколку Техеран ги игнорира барањата на ОН да престане со збогатувањето на ураниумот и со другите нуклеарни активности.
XS
SM
MD
LG