Достапни линкови

Голема невработеност на Косово


Приштина

Приштина

Од вкупно 508.100 работоспособни граѓани на Косово дури 44,9 проценти се невработени, а ако работата беше единствениот извор на приходи, околу 1,3 милиони граѓани ќе бидат на границата на егзистенција, пренесува приштинскиот весник „Коха диторе“. Главен извор на приходи за околу 20 проценти од населението се паричните приливи од блиски роднини кои работат во странство. За 112.000 лица главни приходи се пензиите, а 84.000 живеат од социјална помош. Вкупниот број на населението на Косово изнесува 1.739. 825 лица, без Србите, кои го бојкотираа пописот.
XS
SM
MD
LG