Достапни линкови

Предупредувачки протест на лекарите


Лекарите од Клиничкиот центар од Скопје и дел од другите здравствени установи низ земјава денеска ќе одржат предупредувачки протест од половина час за време на нивната пауза.
Синдикатите бараат зголемување на платите на лекарите, но синдикатот на скопските клиники бара и да се укине плаќањето по учинок, додека синдикатот „Мајката Тереза“ бараат плаќањето по учинок, само привремено да се запре, додека не се допрецизираат правилата за него.
Вчера се сретнаа министерот и лекарските синдикати за да се договорат од утре да продолжат да преговараат за условите. Како што соопштија по средбата не станувало збор за прибилжување на ставовите.
Министерот Тодоров одбегнувајќи новинарско прашање зошто го тужел Синдикатот наместо директорите на клиниките кои се должни да обезбедат услови за работа во време на штрајк, одговорил дека тој бил загрижен за здравјето на пациентите односно да не останат незгрижени или во најлош случај да не почине некој пациент додека докторите штрајкуваат.
На тоа докторот Дејан Ставриќ врати дека ним прва грижа секогаш им се пациентите.
XS
SM
MD
LG