Достапни линкови

Нишани: влезот во НАТО, гаранција за мир во регионот


Албанскиот претседател Бујар Нишани и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Албанскиот претседател Бујар Нишани и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Албанскиот претседател Бујар Нишани, по синоќешниот разговор во Брисел со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека влезот на сите држави од Западен Балкан во Алијансата е гаранција за мир и стабилност во регионот. Тој притоа изрази уверување дека, како што рече, еден ден и Косово ќе влезе во НАТО. Нишани наведе дека тој и Расмусен сметаат дека поделбата на Косово не е опција и оти нема да биде дозволено тоа и да се случи.
XS
SM
MD
LG