Достапни линкови

Расмусен- намалени некои операции во Авганистан


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска изјави дека се намалени некои операции на НАТО со авганистанските сили, за да се намали порастот на инсајдерски напади врз странски војници во Авганистан. Расмусен изјави дека мерките се „разумни и привремени“, инсистирајќи на тоа дека целокупната стратегија на НАТО во Авганистан останува непроменета. Тој рече дека, само некои операции „во некои локални случаи“ се привремено намалени поради „зголемената закана“ за граѓански немири или инсајдерски напади. Од ИСАФ, соопштија дека остануваат апсолутно посветени на партнерството со Авганистан, изразено преку тренинзи, советување и помош на авганистанските безбедносни сили.
XS
SM
MD
LG