Достапни линкови

Скоро половина фирми со блокирани сметки


Илустрација: Стоката се испорачува, ама пари нема.
Илустрација: Стоката се испорачува, ама пари нема.

Неликвидноста на фирмите станува голем проблем на македонското стопанство, се жалат бизнисмените.

Над 30-те илјади блокирани сметки на фирми укажуваат на проблем со ликвидноста на македонското стопанство, сметаат стопанствениците. Податоците ги објави Народната банка, а се проценува дека над половина од компаниите во земјава немаат активни сметки.
Факт е дека на сите нас стопанствениците ни одговара расчистувањето на пазарот од економските субјекти кои се појавуваа во ова ново време на транзиција само со еден мотив да можат да се здобијат со лична корист, без да имаат визија за развој или за формирање на некаков стопански субјект кој ќе придонесе за нови вработувања, нови производства.
Зоре Темелковски, стопанственик.

Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека бројот на блокади не се квалитативни.

„Дваесет илјади сметки или десет илјади сметки блокирани заради неплатен долг кон МРТВ, заради глупости кои се измислија и тогаш се блокира целото стопанство и тоа за некакви минорни суми. Но секако неликвидноста е еден голем фактор за застој на развој на бизнисот. Неплаќањето меѓу самите стопански субјекти исто така го забавува развојот.“

Блокадите на жиро сметките и неликвидноста се појави кои може да бидат експлоатирани во зависност од интересите на политичките опции, вели Темелковски.
Се пали светлото на паника. Веќе треба да внимаваш кај вложуваш, кај купуваш, кај кого инвестираш, на се треба да внимаваш.
Мендерес Кучи, Стопанска комора на северозападна Македонија.

„Факт е дека на сите нас стопанствениците ни одговара расчистувањето на пазарот од економските субјекти кои се појавуваа во ова ново време на транзиција само со еден мотив да можат да се здобијат со лична корист, без да имаат визија за развој или за формирање на некаков стопански субјект кој ќе придонесе за нови вработувања, нови производства.“

Податокот за бројот на блокирани сметки претставува потреба за преиспитување со кого се работи и што се работи, вели Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија.

„Се пали светлото на паника. Веќе треба да внимаваш кај вложуваш, кај купуваш, кај кого инвестираш, на се треба да внимаваш.“

Сè се врзува со ликвидноста, вели Кучи.

„Мора тие фирми да се блокирани, затоа што не се ликвидни. А не се ликвидни, некогаш е тоа од оправдани причини, некогаш некој можеби намерно сака и му одговара оваа хаотична ситуација, па се вади на тоа никаде не чини, па ни кај мене, а зад тоа да стојат црни сценарија.“

Како инструмент за подобрување на наплатата меѓу фирмите владата ја воведе задолжницата, но вреди да се спомене дека Управата за јавни приходи блокира и поради долгови кон државата. Од друга страна, стопанствениците на неколку наврати забележуваат дека државата им должи пари.
XS
SM
MD
LG