Достапни линкови

Економијата во слободен пад


За 5 месеци извозот е намален за 11 насто, трговскиот дефицит е над милијарда долари, индустриското производство паѓа 9 месеци по ред, има внатрешна задолженост, нема свеж капитал. Народна Банка е загрижена, а некои економисти на компаниите им порачуваат да бараат пазари надвор од ЕУ. Дали за се е виновна надворешната криза?

Економската криза во Европа се продлабочува и според последните проценки ќе трае подолго од очекувањата, а тоа веќе се одразува и врз домашната економија, велат експертите. Првите знаци, како падот на извозот во првите пет месеци од годинава за 11 насто, при што трговскиот дефицит изнесува повеќе од една милијарда долари, како и претходно падот на индустриското производство ја алармираа и Народна банка, која стравува од проблеми во економската активност на земјата.
Слабата побарувачка има за последица намален извоз од нашите компании кои се претежно таму ориентирани и нели проблемите се во поглед на трговскиот дефицит, намален прилив на странски валути, одливот веројатно нема да се зголемувава бидејќи ако не извезуваме, не ни увезуваме репроматеријали.
Сашо Арсов, универзитетски професор.

Професор Сашо Арсов вели дека постојано се појавуваат нови жаришта во ЕУ и еврозоната за кои сè уште не е пронајдено целосно решение за нивно елиминирање, а тоа ќе резултира со слаба побарувачка.

„Слабата побарувачка има за последица намален извоз од нашите компании кои се претежно таму ориентирани и нели проблемите се во поглед на трговскиот дефицит, намален прилив на странски валути, одливот веројатно нема да се зголемувава бидејќи ако не извезуваме, не ни увезуваме репроматеријали, меѓутоа, генерално кај нас би било тоа можеби со еден негативен одраз во смисла на намалување на девизите и евентуално последици врз девизните резерви.“

Професор Марија Зарезанкова Потевска вели дека проблемот е пред се во стопанствениците кои не размислуваат за пласман во други земји освен во ЕУ, каде е ориентиран над 60 насто од нашиот извоз.
Ние во такви услови треба да бараме нови пазари. Потоа има потреба од глад за капитал, значи за нови вложувања, но и за ликвидност на претпријатијата.
Марија Зарезанкова Потевска, универзитетски професор.

„Ние во такви услови треба да бараме нови пазари. Потоа има потреба од глад за капитал, значи за нови вложувања, но и за ликвидност на претпријатијата, има голема задолженост, меѓусебни неплаќања, а тука мора да се признае дека и владата не е во состојба веднаш да ги задоволи претпријатијата со тоа што ќе ги врати парите за извршените работи.“

И според Арсов, компаниите треба да бараат други пазари кои не се толку погодени од рецесијата.

„Источна Европа, Русија, Украина кои за нас се големи пазари, а во извесна мера поинаку ги доживуваат случувањата во еврозоната, бидејќи ние како мало стопанство не ни треба многу, едноставно ни треба тој пазар да го пробиеме во извесна мера и да се намалат тие штети, но како и да е, имајќи предвид дека голем дел од нашиот извоз е токму челик и железо што се претежно барани од авто-индустриите во ЕУ и слично, притисокот ќе остане и не може да се спречи толку лесно и толку брзо.“

Од Министерството за финансии соопштија дека Владата ќе преземе низа мерки со цел да обезбеди сигурни средства за стопанството.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG