Достапни линкови

Лажното претставување на интернет стана секојдневие


Илустрација.
Илустрација.

Неодамна беше откриен случај кога 17-годишно момче на Фејсбук лажно се претставувало како парламентарниот спикер Трајко Вељаноски.

Лажното претставување на социјалните мрежи се претвора во секојдневие, велат упатените. Проблемот се актуелизира по инцидентот со лажната Фејсбук страница на претседателот на собранието Трајко Вељаноски.
Зборуваме за писменост којашто треба да го следи развојот на медиумите. На пример ако комуникацијата со некоја „позната“ личност делува сомнителна, да умее преку неколку различни проверки, преку два-три извори да види дали има официјална веб страница, дали таму е поврзан фејсбук профилот за кој постои сомнеж итн., за да се увери во вистинитоста на профилот и дали може да му се верува.
Дарко Булдиоски, интернет консултант.

Интернет консултантот Дарко Булдиоски вели дека преземање на сметки на интернет се случува секој ден.

„Ние можеби најчесто слушаме за тоа кога ќе стане збор за некоја позната личност, па тоа влегува во медиумите, меѓутоа лажни претставувања, крадење на акаунти, пробивање на лозинки секојдневно се случуваат и верувам дека Агенцијата за заштита на личните податоци тоа може многу добро да го потврди.“

Неопходна е едукација на граѓаните, вели Булдиоски.

„Зборуваме за писменост којашто треба да го следи развојот на медиумите. На пример ако комуникацијата со некоја „позната“ личност делува сомнителна, да умее преку неколку различни проверки, преку два-три извори да види дали има официјална веб страница, дали таму е поврзан фејсбук профилот за кој постои сомнеж итн., за да се увери во вистинитоста на профилот и дали може да му се верува.“

Професор Владимир Пивоваров вели дека податоците на интернет лесно може да се злоупотребат.

„Лесно е да се злоупотреби доколку нема современи заштитни механизми на оние кои имаат свои сајтови, свои мејлови итн. Тие се многу лесен плен на сите лица кои имаат и скромни хакерски вештини, да можат таквите да ги злоупотребуваат.“

Постојат стандарди и правила за заштита на информациите на светската мрежа, додава Пивоваров.

„Ние како луѓе секогаш одиме од аспект да ставиме некоја шифра која е многу лесна за помнење, бираме датум од роденден или нешто што ни се случило, што е општо позната, а тоа е апсолутно недозволиво ако не сакате било кој да ви ја отвори шифрата. Затоа секогаш се препорачува да се искористат сите бројки, букви кои ни се на разполаѓање за креирање на лозинка која тешко може да ја откријат не само хакерите , туку и безбедносните служби многу потешко ќе може да ги отвараат таквите лозинки и да ги манипулираат со содржината.“
XS
SM
MD
LG