Достапни линкови

Европа протестира, Македонија нема абер од АКТА


Протести против АКТА во Загреб.
Протести против АКТА во Загреб.

Во Македонија нема итна потреба од протести на улица против контроверзниот меѓународен договор АКТА зашто влада нема јасен став за ова прашање, велат активистите.

Под притисок на интернет заедницата и протестите кои викедов се одржаа во 50 градови низ Европа, владите на Полска, Чешка и Словачка се откажаа од ратификацијата на контроверзниот меѓународен договор АКТА(Anti-Counterfeiting Trade Agreement). Германија не се откажа, но одлучи да ја одложи расправата за договорот, барем до средината на оваа година.
Во Македонија, самата област на авторски права, па дури и човекови права, не е секојдневна тема на разговор меѓу луѓето и она што го прават активистите во моментот е пред се споделување на знаења или обиди да се дознае што всушност се случува. Важен елемент од тој процес е дознавање на ставот на македонските власти во однос на овој конкретен договор.
Филип Стојановски, Метаморфозис.

Протестите во Лондон привлекоа само неколку стотици луѓе, додека во Минхен на улица излегоа околу 15.000, а во Берлин 10.000. Освен во Германија, викендов имаше масовни протести и во Франција, Литванија, Бугарија и Чешка.

На он-лајн бунтовништвото, хакерското движење Анонимус, со видео објавено на интернет страната youtube, ги повика и македонските граѓани. Такви пораки беа упатени и до граѓаните на Бугарија и Романија.

Протест против АКТА во Прага.
Протест против АКТА во Прага.
АКТА, СОПА и ПИПА се дел од причините за масовно вклучување на интернет корисниците во изминативе неколку месеци во една поинаква општествена борба против владите и неправедните закони во светот. На он-лајн петицијата против АКТА досега се потпишале околу 50 илјади интернет корисници.
Македонската влада нема некој став околу оваа тема, не е изјаснета, сепак информирањето никогаш не е лошо и навремената подготовка однапред за да се пречека овој договор кај нас што би се рекло, не е на одмет.
Тамара Атанасовска, граѓански активист и блогер.

Македонските интернет активисти во знак на поддршка на Анти-АКТА протестите отворија веб страна „Стоп за АКТА, слободен интернет“, на која детално се објаснети можните последици од еден таков меѓународен договор.

Моќта и влијанието на македонската интернет заедница е во пораст, капацитет за он-лајн активизам има, но се уште не е на ниво кое би предизвикало суштински промени, вели програмскиот координатор во Метаморфозис, Филип Стојановски.

„Има и повеќе, но сепак таа моќ не е таква за да доведе до суштински промени, барем она што до сега се покажува, но се покажува дека има потенцијал.“
Протест против АКТА во Загреб.
Протест против АКТА во Загреб.

Тој додава дека има доста изразена солидарност од страна на он-лајн заедницата кон протестот против АКТА.

„Во Македонија, самата област на авторски права, па дури и човекови права, не е секојдневна тема на разговор меѓу луѓето и она што го прават активистите во моментот е пред се споделување на знаења или обиди да се дознае што всушност се случува. Важен елемент од тој процес е дознавање на ставот на македонските власти во однос на овој конкретен договор.“

Тамара Атанасовска, граѓански активист и блогер, вели дека засега во земјава нема итна потреба од протести на улица како што се случуваше во другите европски земји.

„Од единствена причина што македонската влада нема некој став околу оваа тема, не е изјаснета, сепак информирањето никогаш не е лошо и навремената подготовка однапред за да се пречека овој договор кај нас што би се рекло, не е на одмет.“

Договорот АКТА, како и нему сличните закони во САД, СОПА и ПИПА, иако во моментов не се однесува директно на Македонија, сепак може да има големо влијание врз корисниците на интернет од земјава бидејќи голем број сервиси и сајтови коишто се користат во земјава се наоѓаат во зони кои се под влијание на ваквите прописи, дури и ако се исклучи секогаш присутната можност државава да се придружи, односно го прилагоди својот правен систем на нив.

Атанасовска додава дека она што може сега да го направи заедницата е да се шири идејата „зошто против овој договор“ и да се бараат одговори и ставови од македонските институции. Таа смета дека во земјава се нема доволно слух за граѓанското незадоволство, кое се изразува на социјалните мрежи.

„Нeкако нема тука некоја поврзаност и комуникација помеѓу луѓето, активистите и оние во нашиот законодавен дом. Затоа сметам дека е подобро да се пристапи различно, на пример тие земји протестираа затоа што имаат одредени механизми, односно законодавниот дом ги следи тие настани што се случуваат на улица, ги послушаа. А ние можеме да постапиме на различен начин и да пробаме преку правни акти во институциите, може таму посериозно ќе ја сфатат идејата. Точно на прашањето дали нешто може да се смени или не, во моментов немам некое многу позитивно мислење, затоа што законодавниот дом некако не е многу отворен за сугестии.“

Интернет заедницата минатата година во неколку наврати покажа дека има заби. Пример за тоа се протестите против полициска бруталност и писмо објавно во медиум кое доби над 1500 споделувања на фејсбук. Се работеше за случај кога беа загрозени социјалните права на едно посвоено дете, па по реакциите на социјалните мрежи, институциите ја стопираа неправедната постапка.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG