Достапни линкови

Талибанските бунтовници виновни за повеќето напади врз трупите на НАТО


Американски командант соопшти дека се верува оти талибанските милитанти стојат зад околу една четвртина од нападите од страна на авганистанскиот безбедносен персонал врз странските војници во НАТО. Генерал-полковник Џејмс Тери, шеф на заедничка команда на НАТО коалицијата во Авганистан, изјави дека околу 25 отсто од нападите се поврзани со бунтовниците. Тери рече 10 проценти од нападите се "директно поврзани" со бунтовниците. НАТО претходно соопшти дека стресот и личните односи помеѓу војниците на НАТО и авганистанските сојузници би можело да биде фактори зад повеќето напади. Авганистански војници отворија оган врз своите колеги од НАТО повеќе од 30 пати досега оваа година, при што загинаа најмалку 45 војници, повеќето од нив Американци.
XS
SM
MD
LG