Достапни линкови

logo-print

Ердоган - Асад е „политички мртовец“


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го нарече сирискиот претседател Башар ал Асад „политички мртовец“, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

„Ако сите членови на Советот за безбедност на Обединетите нации преземат соодветни чекори, побрзо ќе постигнеме резултат. Русија, Кина и Иран се сведоци на крајот на режимот на Асад“, наведе Ердоган, додавајќи оти сака да слушне од Москва и од Пекинг дека се против сегашниот сириски режим.

Турскиот премиер уште еднај ја потенцираше потребата од создавање безбедносна зона на сириска територија неопходна за решавање на проблемот со бегалците. Во Турција во моментот има приближно 100 илјади сириски бегалци.
XS
SM
MD
LG