Достапни линкови

Напад врз американско возило во Пакистан


Пакистанската полиција соопшти дека еден автомобил полн со експлозив се удрил во возило на американската влада во северозападниот дел на земјата, при што загинале двајца американци, а петмина други биле повредени. Нападот се случил во Пешавар, каде што се наоѓаат неколку странски организации, меѓу кои и канцеларијата на ОН. Засега никој не ја презеде одговорноста. Властите велат дека зад вакви напади стојат талибанците.
XS
SM
MD
LG