Достапни линкови

Бурата Исак ја одложи конвенција на Мит Ромни во Флорида


Мит Ромни.

Мит Ромни.

Тропската бура Исак ја принуди Републиканската партија да го одложи почетокот на националната конвенција на Мит Ромни во Флорида. Организаторите решија да ја одложат конвенцијата бидејќи местото на одржувањето во близина на Тампа Беј е зафатено со поплави, а дуваат и силни ветришта. Почетокто е презакажан за утре, и наместо 4 дена ќе трае три. Оваа недела републиканците и формално треба да го номинираат Ромни и потпретседателскиот кандидат Пол Рајан како нивни кандидати кои треба да се соочат до демократот Барак Обама и потрпетседателот Џо Бајден на изборите на 6 ноември.
XS
SM
MD
LG