Достапни линкови

Тридневна жалост во Венецуела


Илустрација.

Илустрација.

Претседателот на Венецуела, Уго Чавез прогласи тридневна жалост откако најмалку 39 луѓе загинаа во експлозија во најголемата рафинеријата за нафта во земјата. По вчерашната експлозија, потпретседателот на државата, ја посети рафинеријата во северозападниот дел на Венецуела. Тој го ревидираше бројот на жртви, велејќи дека загинале 39 луѓе, а 90 се повредени. Претходните извештаи покажауваа дека загинале 26 луѓе. Жителите на областа, изјавија дека експлозијата била толку моќна што тие помислиле дека се работи за силен земјотрес. Од загинатите 18 се припадници на Националната гарда, војници кои ја штителе рафинеријата. Рафинеријата Амуај е една од најголемите во светот, произведува 645 илјади барели дневно.
XS
SM
MD
LG