Достапни линкови

Претставен новиот селектор на фудбалската репрезентација


Чедомир Јаневски од денеска и официјално е назначен за нов селектор на фудбалската репрезенација на Македонија. Toj ќе биде на чело на селекцијата до квалификациите за СП 2014. година, но ако има интерес од двете страни договорот може да биде предложен. Јаневски доаѓа на местото на Џон Тошак, кој си замина од функцијата откако претходно беше раскинат договорото со новото раководство на ФФМ.
Свое деби како сeлектор Јаневски ќе го има на 7 септември кога фудбласката репрезентација ќе и гостува на Хрватска во Загреб.
Toj не ветува одреден пласман, но вели дека ќе го подобри нивото на играта.

„Не сум дојден за да остварам некој личен успех, туку да помогнам со моето искуство. Ги анализирав последните три натпревари на репрезентацијата и мој заклучок е дека не треба од никого да се плашиме во следниот квалификациски циклус“, изјави Јаневски.
XS
SM
MD
LG