Достапни линкови

Престрелка во Таџикистан, едно лице е убиено


Едно лице е убиено, а три други се повредени, на контролен пункт во најнестабилниот регион во Таџикистан откако војниците отвориле оган на возило. Полицијата во источната автономна покраина Горно-Бадакшан рече дека возачот одбил да застане на контролниот пункт и не реагирал на предупредувачкиот истрел.
Инцидентот се случува за помалку од еден месец по жестоките борби меѓу војниците и милитантите во далечниот планински регион. Насилствата беа предизвикани од атентатот врз генералот Абдуло Назаров, регионален шеф на Државната комисија за национална безбедност кој се случи на 21 јули. Владата соопшти дека најмалку 12 војници и 30 милитанти биле убиени во текот на јули.
XS
SM
MD
LG