Достапни линкови

Франција повторно протерува Роми


Француската полиција спроведе рација во два импровизирани ромски кампови во близина на градот Лил при што протера повеќе од 200 луѓе.Тие биле испратени авионски за Букурешт откако доброволно се согласиле да се вратат во Романија. Францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс изјави дека рациите биле неопходни пред се поради ширењето на здравствени ризици, затоа што стотици луѓе живеат во нехигиенски услови.

Полицијата оваа недела изврши и рации во Париз и Лион и од импровизираните домови протера стотици Роми имигранти од источна Европа.
Претходните протерувања на Ромите од Франција, за време на поранешниот претседател Никола Саркози, предизвика критики од страна на Европската унија, Католичката црква и групите за човекови права.
XS
SM
MD
LG