Достапни линкови

logo-print

САД и Пакистан ги подобруваат односите


Пакистан доби 1, 18 милијарди долари надоместок од САД кои треба да се вложат во проекти за државна безбедност, соопштија од Државната банка на Пакистан. Договорот за надоместокот е постигнат во време кога двете земји имаа спор за тоа што во напади на американски беспилотни летала беа убиени 24 пакистански војници во ноември минатата година. По што Исламабад ја затвори својата територија за потебите на НАТО во Авганистан. Надоместокот е уште еден знак за подобрување на односите меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG