Достапни линкови

Ултраортодоксни Евреи во Израел ќе мора да одат во војска


Илјадници ултраортодоксни Евреи во Израел ќе мора да одат во војска откако истече законот со кој тие се иземаа од воена служба. Врховниот суд во февруари одлучи дека е неуставен Законот со кој е дозволено еврејските студенти на Богословија да не одат во војска. До крајот на јули требаше да се донесе нов закон, но пратениците не успеаа да се согласат за имените и затоа стапи на сила законот според кој сите граѓани на возраст од 18 години ќе мора да одат во војска. Вчера министерот за одбрана Ехуд Барак и даде на Војската еден месец да излезе со „практични предлози“ за имплементација на законот. Секуларните Израелци бараат воената служба да важи за сите.
XS
SM
MD
LG