Достапни линкови

Нови немири во Сирија, недостиг на храна во Алепо


Медиумите јавуваат дека во сиријскиот град Алепо има недостиг на храна и прекини во дотокот на електрична енергија, во услови на нови судири меѓу владините лојалисти и бунтовничките сили. Американската телевизија Ен-Би-Си јавува дека сиријските бунтовници користат ракети против хеликоптерите на владините сили. Опремата за анти-владините сили пристигнала од соседна турција и според медиумот за сега нема индиции дека Соединетите американски држави се одговорни за воружување на бунтовниците. Ен-Би-Си јави дека доставата на оружје за анти-владините сили е под координација на Катар и Саудиска Арабија.
XS
SM
MD
LG