Достапни линкови

„Просјачка опера“ ја жигоса актуелната политика


Претставата „Просјачка опера“ од поранешниот чешки претседател, Вацлав Хавел во изведба на Албанскиот театар од Скопје беше прикажана на Охридско лето.

Претставата „Просјачка опера“ од поранешниот чешки претседател, Вацлав Хавел во изведба на Албанскиот театар од Скопје беше прикажана на Охридско лето.

Преку претставата Просјачка опера на поранешниот чешки претседател, Вацлав Хавел, актерите од Албанскиот театар ги жигосуваат актуелните политички случувања во Македонија. Не очекуваат политичарите да соберат храброст и да ја погледнат оваа претстава за кои велат дека самите си прават театар во парламентот и владата.

Невидена храброст на сцена, каде се зборуваше за најголемите афери и рекламни кампањи објавени во медиумите. Една од најхрабрите театарски пародии досега одиграни на македонската театарска сцена преку претставата Просјачка опера на поранешниот чешки претседател, Вацлав Хавел прикажа Албанскиот театар од Скопје во рамките на фестивалот Охридско лето.
Ништо не сме измислиле, се е точно што е речено.Тоа што го прават, тоа што го велат, тоа што мислат да го прават. Требаше одамна да се зборува и не знам зошто не се зборувало. Ние направивиме претстава за она што не признаваме дека постои кај нас ,а тоа се бандите, подземјето, а тоа се прави преку политичарите. Како преку ноќ доаѓаат до нешто за што не можеш ниту да сонуваш.

„Осум од десет граѓани на Македонија живеат под стрес, а другите двајца во странство.“

„Некој ќе рече подобро кич, него ич, Скопје 2014.“

„Транзицијата не завршила се уште има вработени.“

„Измислуваат поетски имиња за нивните акции, Змиско око, Фаланга и секакви Олуји.“

Ова се само дел од фразите со кои актерите од Албанскиот театар ги жигосуваат актуелните политички случувања.

Просјачка опера всушност е приказна за односите меѓу режимот и криминалците, корупцијата и криминалот на овие простори. Режисер е Босанецот Дино Мустафиќ.

„Оваа претстава како и останатите која имаат политичка конотација е огледало на општеството, а ние живееме во едно време на транзиција, кражби и неморал“, вели Мустафиќ.

Оваа претстава како и останатите која имаат политичка конотација е огледало на општеството, а ние живееме во едно време на транзиција, кражби и неморал.
Актерите Бајруш Мијаку и Џевдет Јашари кој ги играат улогите Бил Локит, шеф на полицијата и Мекит шеф на криминална банда не очекуваат да имаат проблем со политичарите.

„Ништо не сме измислиле, се е точно што е речено.Тоа што го прават, тоа што го велат, тоа што мислат да го прават. Требаше одамна да се зборува и не знам зошто не се зборувало. Ние направивиме претстава за она што не признаваме дека постои кај нас ,а тоа се бандите, подземјето, а тоа се прави преку политичарите. Како преку ноќ доаѓаат до нешто за што не можеш ниту да сонуваш“, вели Мијаку.

„Јас очекувам да се свестат, а ние сме овде да ги освестиме за работите кои се случуваат. Јас најмногу од се сакам да ја видат претставата, а со тоа да се видат себеси“, вели Јашари.

Селекторот на драмскиот дел на Охридско лето, Ѓорѓи Јолевски смета дека ставовите изнесени во претставата биле личен став на режисерот, актерската екипа и уметничкиот директор на театарот.

„Тие дојдоа со една исклучително политички ангажирана претстава на Охридско лето. Ефектот од оваа претстава ќе се види понатаму“, вели Јолевски.

Актерите не очекуваат политичарите да ја погледнат претставата иако велат дека треба тоа да го направат. Нашите политичари си прават театар во парламентот и владата, а вистинскиот театар не го следат, вели најстариот актер Мијаку.
XS
SM
MD
LG