Достапни линкови

Ромео и Јулија за отворање на Охридско лето


Дејан Лилиќ.

Дејан Лилиќ.

Со театарскиот ораториум „Ромео и Јулија“, утревечер нa сцената на Антички театар во Охрид ќе биде отворено 52-то издание на фестивалот Охридско лето.

„Ромео и Јулија“ е проект кој што се обидува да обедини три медиуми од уметноста – театарот, балетот и операта. Претставата се потпира на драмското дело на Шекспир кое се испреплетува со балетот на Прокофјев и делови од операта на Гуно се со идеја да бидат сплотени реалноста, сонот и љубовта.
Создаваме една претстава која не е голема само по форма, туку е голема и по сценската естетика која ја создаваме заедно си трите медиуми обединети во еден проект што јас го нарекувам „триптих“ за Ромео и Јулија.

Дејан Пројковски.

Дејан Пројковски.

Од таму, не чуди што режисерот Дејан Пројковски, во пресрет на премиерната изведба, вели дека заедно со кореографот Саша Зуровац од Хрватска и со многубројната изведувачка екипа, успеале да ја најдат точната мерка помеѓу сите форми кои дишат заеднички, се надополнуваат и ја ткаат таа доста испреплетена сложена драмска структура. Тој забележува дека нивната цел била да го освојат Античкиот театар со наменски проект, прв по пауза од 12 години од изведбата на „Маседоан 2001“, и на публиката да и дарат спектакл каков што доликува за најпрестижната наша летна културна манифестација.
Вистинскиот маж во денешно време, вистинскиот Ромео на 21 век е оној што дарува бескрајна љубов, што знае да сака без разлика дали му се враќа или не. Кој знае да простува, иако е тоа многу блиску до Библијата тоа го напишал самиот Шекспир пред многу години.

„Создаваме една претстава која не е голема само по форма, туку е голема и по сценската естетика која ја создаваме заедно си трите медиуми обединети во еден проект што јас го нарекувам „триптих“ за Ромео и Јулија.“

Во „Ромео и Јулија“ ќе настапи силна меѓународна екипа, составена од актери, музичари, балетски уметници, хористи и акробати екипа, а планирано е по прв пат кај нас и воопшто во регионот да се имплементираат 3Д-ефекти кои во случајов ќе бидат ставени во служба на збогатување на визуелизацијата на самиот сценски чин. Притоа, особено е интересно што улогите на членовите од двете раскарани фамилии – Монтеки и Капулети, им се поделени на домашните и актерите од театарот “Вера Комисаржевска“, па така во претставата се говори на македонски и руски.

„Од тука беше појдовната точка дека луѓето покрај се и над се кога има вистинска енергија, кога има вистиснки чуства ќе го најдат вистинскиот начин, вистинскиот пат“, дополнува Пројковски.

Во улогата на Јулија ќе настапи Евгенија Игумнова, една од водечките актерки во Русија и залужен уметник на земјата, а Ромео ќе биде Дејан Лилиќ, кој по две години од отелотворувањето на Хамлет наново ќе ги говори вонвремените стихови на славниот Шекспир. Тој истакнува дека ликот го градел многу едноставно, од појдовната точка на неговата генерација која што се занимава со она што и се случува и ни се случува во денешно време.

„Вистинскиот маж во денешно време, вистинскиот Ромео на 21 век е оној што дарува бескрајна љубов, што знае да сака без разлика дали му се враќа или не. Кој знае да простува, иако е тоа многу блиску до Библијата тоа го напишал самиот Шекспир пред многу години.“

Кон ова само уште информацијата дека „Ромео и Јулија“ по изведбата на сцената на Антички театар најверојатно ќе биде прикажана во Русија, а не е исклучено главните носители на проектот - „Охридско лето“, Народниот театар од Битола и МОБ да најдат начин да го прилагодат за прикажување во поинакви услови и да го продолжат неговиот живот на сцена.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG