Достапни линкови

Во нападот во Сирија загинале тројца високи соработници на Асад


Сириската државна телевизија јави дека тројца членови од најблискиот круг на соработници на претседател Башар ал-Асад се убиени во самоубиствениот бомбашки напад во Дамаск. Во нападот загинале министерот за одбрана Дауд Раџа, заменик-министер за одбрана кој му е зет на Асад, како и шефот за управување со кризи. Бомбата експлодирала за време на состанок во седиштето за национална безбедност. Бунтовниците од Слободната сириска армија ја презедоа одговорноста за експлозијата. По експлозијата, голем број на полицајци ги преплавија улиците на главниот град. Во градот веќе четири дена траат пресметките меѓу владините сили и опозициските бунтовници. Специјалниот претставник на ОН и Арапската лига Кофи Анан го повика Советот за безбедност да го одложи планираното гласање за резолуција за Сирија.
XS
SM
MD
LG