Достапни линкови

ФИФА ангажира главен истражител за корупција


Управниот одбор на Светската фудбалска федерација денеска треба да именува тужител кој треба да ја истражи корупцијата во начинот на кој се доделени домаќинствaтa за Светските првенства во 2018-та и во 2022-та година. Главниот советник на ФИФА за корупција Марк Пит рече дека именувањето на правник кој треба да спроведе независна истрага и да ги казни виновниците, ќе допринесе за финдаментално модернизирање на организацијата која е погодена од корупциски скандали. Тој рече дека ќе мора да се истражат и стари случаи на доделување на домаќинства на Светските првенства кои не се доволно истражени.
XS
SM
MD
LG