Достапни линкови

Западните сили предлагаат ултиматум за Сирија


Западните сили подготвија нова нацрт резолуција до Советот за безбедност на Обединетите нации во која предлагаат на сиријскиот претседател да му се даде период од 10 дена за да почне да го спроведува мировниот план или ќе се соочи со санкции. Во нацрт резолуцијата која е поддржана од Британија, Франција, Германија и Соединетите држави се прецизира дека против сирискиот режим ќе бидат воведени невоени санкции. Русија и Кина досега ги отфрлаа сите обиди за санкции против Сирија.
XS
SM
MD
LG