Достапни линкови

Анан имал „добра дискусија “ за Сирија во Багдад


Меѓународниот претставник за Сирија Кофи Анан

Меѓународниот претставник за Сирија Кофи Анан

Меѓународниот претставник за Сирија Кофи Анан изјави дека имал „многу добра дискусија“ за Сирија со премиерот на Ирак Нури ал-Малики. Анан е на регионална турнеја за да разговара за состојбите во Сирија со нејзините соседи. Претходно го посети и Иран. Анан во Техеран рече дека Дамаск се согласил со новиот план на ОН, кој има за цел да донесе мир во повеќето проблематични области, а потоа да се прошири и на останатиот дел од земјата, но планот претходно мора да биде изложен и пред сириската опозиција.
Анан утре ќе го информира Советот за безбедност за ситуацијата во Сирија.
XS
SM
MD
LG