Достапни линкови

Во Египет продолжуваат политичките тензии


Во Египет продолжува политичкиот ќорсокак откако Врховниот суд донесе одлука да ја задржи својата пресуда за распуштање на парламентот во кој доминираат исламистите. Наспорти тоа пратениците денеска одржаа неколкуминутна седница која беше пренесувана на телевизија, а Муслиманското братство ги повика своите приврзаници да се соберат на голем марш за поддршка на декретот на новиот исламистички претседател Мохамад Морси во кој тој бара пратениците да се вратат на работа. Вчера Врховниот совет на вооружените сили кој владее од соборувањето на Хосни Мубарак во минатата година ја повтори поддршката на одлуката на Врховниот суд.
XS
SM
MD
LG